еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Русковска имала притисоци за да се откаже од предметот за Рашковски 

Обвинителката Вилма Русковска во Топ Тема на Телма изјави дека предлогот за нејзино разрешување е резултат на истрагата што таа  како шефица на Обвинителството за борба против организиран криминал и корупција ја отворила за Драги Рашковски, кој беше генерален секретар во Владата на Зоран Заев.

Имала притисок и закани да се откаже од шефовското место, а за возврат и било понудено да стане заменик републички Јавен обвинител. Со овие понуди, како што рече, „сакаа да ме фатат на пенал, а тоа е почнувањето предистрага за тогашниот директор на Финансиската полиција, Арафат Муареми“.

Русковска претпоставува дека со понудата на тие повисоки функции, ако таа ги прифатела, можеби ќе требала и да ја повлече односно откаже од истрагата за случајот со Рашковски.

-Можеби и тоа беше причината, тогашниот премиер и јавно кажа дека не ми верува мене кога станува збор за овој предмет. Кога бевме сега на дисциплинската комисија, јас го предложив професорот Калајџиев, за сведок-експерт, бидејќи таму се наведува дека сум сторила повреди на законот за кривична постапка, а Калајџиев кој бил дел од законот за кривична постапка, да каже дали јас навистина сум го сторила тоа дело.

Но, не беше прифатен како сведок. А како докази за дисциплинската постапка беа наведени само претставките од Арафат Муареми, вели Русковска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Дисциплинската комисија при Обвинителство бара разрешување на Вилма Русковска

Фото: Телма

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Во масовна тепачка во ромскиот дел на Злокуќани повредени неколку лица: Детали од МВР

Редакција

Предложени, па повлечени измени за студентскиот оброк со кои голем број студенти би останале без него

Редакција

ЕУ одобри безусловен почеток на преговорите со Македонија

Редакција