Бугарскиот технички министер за надворешни работи, Николај Милков побарал од македонскиот колега Бујар Османи и Бугарија да се вклучи во процесот за уставните измени во Македонија, пренесуваат бугарските медиуми.
Тој го коментира и прскањето со спеј на натписот на бугарскиот клуб во Битола, кој е избришан од Централниот регистар.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
-Очигледно атмосферата таму дозволува тоа да се случи и има елементи на неказнивост кои фаворизираат такви постапки.
Како што дознаваме, се разговара за варијанти на идните текстови кои би биле промена на Уставот. Ние би сакале да бидеме дел од овој процес за да се одвива непречено и би сакале да се консултираме со нив за овие прашања.
Во оваа смисла, вчера имав краток разговор со министерот Бујар Османи и се надевам дека ќе одговорат. Имаме претстојни контакти и со тоа напори за да ја намалиме тензијата, се разбира, без да им се наштети на правата на Бугарите во Северна Македонија.
Така што овој дијалог треба да продолжи се додека постои волја од нивна страна. Повторно подаваме рака. Подготвени сме да разговараме за промените што ги прават, изјавил Милков.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фото: МНР