еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Ако ги повредуваат правата на граѓаните, Пендаровски нема да ги потпише законските измени за Бехтел и Енка

Кога ќе ја видиме конечната верзија на сетот закони за автопатските делници ќе можеме да знаеме за секој од нив каков ќе биде ставот во однос на потпишување на указот, изјави денеска претседателот на државата Стево Пендаровски одговарајќи на прашање дали ќе го потпише указот доколку помине законот за изградба на инфраструктурниот Коридор 8 и Коридор 10 Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бехтел и Енка, кој ќе ги гради автопатите, нема да плаќа данок, царина и акциза

Пендаровски истакна дека не може од сега да се знае во каква конечна верзија ќе бидат тие законски решенија, затоа што, како што посочи, можат да бидат изменети со амандмани.

-Да ја почекаме дебатата, да ја видиме конечната содржина на тие закони, мојот тим на правници и во Кабинетот и надвор од него се веќе ангажирани во следење на дебатата и на тоа што ќе излезе како конечен продукт.

Во однос на процедурата мислам дека иако одат по скратена постапка, не се со европско знаменце и ќе има доволно време и за опозицијата да поднесе амандмани, да се вклучи во дебатата и да имаме аргументирана расправа како што доликува за овој важен сет закони, рече Пендаровски.

Во однос на реакциите на експерти и граѓански организации, Пендаровски посочи дека тие реагираат во оваа фаза, а станува збор за предлози на закони.

-Реагираат во оваа фаза, но станува збор за предлози на закони, влегуваат во Собранието и опозицијата и власта може да предложат амандмани. Важно е претседателот ја гледа конечната верзија на законот и само од тоа зависи.

Ако ги повредуваат правата на граѓаните ако завлегуваат во правата на трети лица итн. се разбира дека дел, или барем дел од тие закони нема да поминат, но да ги видиме во конечна верзија, нагласи Пендаровски.

Измените и дополнувањата на девет закони поврзани со автопатските делници што треба да ги гради американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“ се на дневен ред на денешната 112-та собраниска седница. Сите закони се по скратена постапка, а предлагачи се група пратеници од владејачкото мнозинство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кои пратеници ги предложија законските измени за Бехтел и Енка, со кои конзорциумот нема да плаќа данок, царина и акциза

“Република Бехтел и Енка Македонија“: Твитер реакции за законските измени за американско-турскиот конзорциум кој ќе ги гради автопатите

Не смеете да дозволите надзорен инженер да решава што е културно наследство: Протест на МАД и ИКОМОС за законските измени за Бехтел и Енка

МИА/Фото: Кабинет на претседателот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Македонскиот јазик и култура роди љубов помеѓу Турчинка и Полјак

Редакција

Нови 498 случаи на Ковид-19 од 2.467 тестирања

Редакција

Грчки медиуми: „Заев се спаси во последната минута“

Редакција