еМагазин
Image default
Македонија

Азманов: Боки 13 ми се закануваше со документи од СЈО и Финансиска полиција

Бизнисменот Зоран Азманов денеска беше во Јавното обвинителство, каде даде исказ во врска со случајот „Рекет“, при што нагласи дека во обвинителството бил да го дополни исказот.

Бизнисменот истакна дека Бојан Јовановски, еден од осомничените во „Рекет“ му се заканувал дека ќе објави документи од Специјалното јавно обвнителство (СЈО) и од Финансиската полиција.

Заканите му ги упатил во телефонски разговор и тоа во периодот кога се најавувала емисијата Македонски инсајдер на 1 ТВ, чиј неофицијален сопственик беше Боки 13.

Според Азманов „Рекет” е несреќен случај, во кој Бојан Јовановски ја користел моќта на медиумот за да изнудува пари.

-Најавата на таа емисија беше безобрана, без да ти дадат право да кажеш ни еден збор во одбрана. Во телефонски разговор го прашав од каде имаш ти право да правиш таква емисија и од каде имаш сознанија дека јас сум градежната мафија, а немам ниту еден бизнис со државата, тој ми рече да не се секирам затоа што имал информации од Финансовата полиција и од СЈО, ги имал сите документи и немал потреба ништо да истражува, истакна Азманов по распитот во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.

Претходно денеска за „Рекет“ исказ даде претседателката на Собранието на Меѓународниот сојуз Агапи Дика.

Изминатиот период во врска со овој случај во Обвинителството за организиран криминал сведочеа бизнисменот Силјан Мицевски, водителката Лила Филиповска и пратениците Фросина Ременски и Александар Кирацовски.

Во случајот „Рекет“ што го отвори Обвинителството освен Бојан Јовановски, осомничени се и Зоран Милески-Кичеец, како и специјалната јавна обвинителка Катица Јанева. Сите тројца се во притвор.

МИА/Фото: Боки 13/Инстаграм

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Претседателката на Собранието на Меѓународен сојуз на Боки 13 не знае каде завршиле парите кои бизнисмени ги уплаќале на невладината

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Детален преглед на состојбата со Ковид-19 по скопските болници

Редакција

Пендаровски го осуди терористичкиот нападот во Москва

Редакција

Костадин Костадинов е нов портпарол на СДСМ

Редакција