еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Македонија2025 длабоко верува дека Владата и Собранието треба да го одбијат „францускиот предлог“ од неколку причини

Македонија е дел од Европа, ги споделува истите вредности, и придонесува за просперитетот на Европската Унија, се вели во соопштението на Македонија 2025 за „францускиот предлог“.

Нивниот став го пренесуваме во целост:

„Македонија2025 силно ги поддржува напорите на Македонија да стане полноправна членка на ЕУ. Сепак, од нашата земја уште еднаш се бара да направи невидени отстапки за да ги задоволи унилатералните барања на соседна земја, членка на ЕУ која го користи правилото на консензуалност во ЕУ за да ја поништи поддршката на другите земји членки на ЕУ и на Европската комисија Македонија да ги започне преговорите за членство.

Македонија2025 длабоко верува дека Владата и Собранието треба да го одбијат францускиот предлог поради неколку причини:

1. Граѓаните на Република Македонија, вклучително и некои пратеници во Собранието, немаат пристап до целосната содржина на предлогот.

Недостигот на транспарентност, отсуството на соодветна и аргументирана дискусија, и јасниот недостаток на евалуација се мошне проблематични.

Можеби најважно, силните отстапки кои водат до деградација на основните човекови права, вклучително и правото на јазик, историја и идентитет, упатуваат на фактот дека францускиот предлог е неприфатлив.

2. Предлогот, според нашето разбирање, не носи никакви вистински користи за Македонија. Прифаќањето на предлогот од страна на Бугарија не гарантира дека во иднина Бугарија нема да го блокира почетокот на преговорите или пак идното членство во ЕУ.

3. Евентуалното прифаќање на францускиот предлог од страна на Македонија ќе испрати силен сигнал до ЕУ и светот дека ние сме согласни со континуираното кршење на фундаменталното право на самопределба.

4. Неприфатливо е вметнување на билатерален спор за јазик и идентитет во пристапните преговори со ЕУ, особено затоа што овие прашања никогаш досега не биле формално споменати од Комисијата како приоритет кој треба да се реализира пред почеток на преговорите.

Идентитетските прашања не треба да бидат услов за пристапни преговори. Ја повикуваме меѓународната заедница да го почитува нашето право да постоиме како Македонци. Да го почитува нашето право да го негуваме нашиот јазик и да ја празнуваме нашата историја. Културата никогаш не била проблематична за останатите земји кои преговарале за членство во ЕУ.

Повикуваме на единство на сите политички чинители за ова прашање, како и единство на целото македонско општество: академија, невладиниот сектор, бизнисите и граѓаните.

Мораме да ги зачуваме нашата гордост и почитта кон нашите граѓани и земјата.

Не треба да ги отфрлиме нашите основни принципи под притисок на Бугарија, Франција или Европската Комисија. Македонија континуирано ја артикулира својата желба и посветеност за членство во ЕУ.

Сепак, прифаќање на францускиот предлог без да ја имаме на увид неговата содржина е неприфатливо.

При изразување на овој став, Македонија2025 ги зема во предвид сите достапни информации и околности, и ги спореди можните негативни долгорочни импликации врз земјата, нашите граѓани и, младите луѓе наспроти ветените користи од прифаќањето на францускиот предлог.

Македонија2025 е меѓународна, независна, неполитичка ‘think & do’ организација основана во 2007 година од страна на македонски иселеници. Македонија2025 се залага за посилна нација и просперитетна економија со подобри можности за граѓаните и компаниите. Нашата визија е Македонија да стане просперитетна ЕУ членка„.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Академик Ќулавкова: „Францускиот предлог“ е вовед во дезидентификација, делегитимација и колонизација на Македонија

Фон дер Лајен ќе се сретне со „северномакедонскиот“ претседател, но не и со македонскиот

Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Руски морски мини невреме ги однесе накај Бугарија

Редакција

Со купувањето на Охридска банка од Шпаркасе: Глигор Бишев повторно меѓу „најголемите“ во банкарскиот пазар

Редакција

Русија има 125 милјардери, 10 се откажале од руско државјанство, објави Форбс

Редакција