еМагазин
Image default
Бизнис

Српските туристи заинтересирани велигденските и првомајските праници да ги поминат во Македонија

Српските туристи се многу заинтересирани за патување во странство за време на претстојните велигденски и првомајски празници, а според директорот на Националната асоцијација на туристички агенции на Србија ЈУТА, Александар Сеничиќ, овој интерес е уште поголем отколку во годините пред Ковид-19, при што срспките граѓани повеќето планираат да патуваат во европските земји, но и во Охрид и Скопје, јави дописникот на МИА од Белград.

-Најголем интерес во европските градови е пред се за најевтините патувања со автобус. Тука имаме различни патувања од две до пет до шест ноќевања во зависност од дестинацијата, а најинтересни градови се Истанбул, Солун, Софија, Темишвар, Прага, Виена, но и градовите од северна Италија како и оние од нашата непосредна околина, изјави Сеничиќ за Танјуг.

Тој додаде дека во соседството на Србија, за туристите од Србија најинтересни се градовите во Македонија, Охрид и Скопје, кои ги посетуваат или во комбинирани тури или самиот Охрид, како и Црна Гора.

Според него, постои голем интерес и за градски тури во Босна и Херцеговина, Требиње, Сараево, Бања Лука, Мостар.

-Повеќето луѓе ќе бидат на вакви патувања со оглед на ниските цени кои се движат од 30 до 39 евра и до 200 евра, во зависност од дестинацијата и должината на престојот, рече Сеничиќ.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Аукцијата на 3. октомври: Објавен проспектот за првата емисија на зелени обврзници

Редакција

Одлични резултати на „Алкалоид“: Добивка од 14 милиони евра и 212 нови вработувања

Редакција

Законот за задолжително пензионирање блокиран од опозицијата со околу 500 амандмани

Редакција