еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

61-годишен маж се самозадоволувал пред две девојчиња

Основното јавно обвинителство Битола поведе истражна постапка против 61-годишно лице за кое постои основано сомнение дека сторило продолжено кривично дело – задоволување на полови страсти пред друг од член 190 став 3 во врска со член 45 од Кривичниот законик.

Како што соопшти Обвинителството, основаното сомнение дека пријавениот го сторил кривичното дело произлегува од обезбедените докази, вклучително и вербални искази на две девојчиња на возраст под 14 години, пред кои осомничениот преземал дејствија на полово задоволување на јавно место во повеќе наврати.

-Надлежниот јавен обвинител до Основниот суд во Битола достави предлог за определување притвор на осомничениот​, се вели во соопштението.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Трагедија: Починал откако со трактор паднал во провалија

Редакција

Ќе исплати ли ТТК Банка дивиденда и покрај забраната од Народна банка?

Редакција

РЕС располага со сопствено производство на електрична енергија и нуди најповолни цени за снабдување

Редакција