еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Кумановската болница го надмина проблемот со недостиг на возила за транспорт на итни случаи

Општата болница Куманово го зеде возилото за транспорт на итни случаи кое беше оставено на сервис, а ќе користи и возило од Здравствен дом Липково за потребите на пациентите, соопшти директорката на болницата, Снежана Захариева.

Пациентите од Куманово и општините од североистокот со близу 200.000 пациенти на неколку часа останаа без амбулантно возило за транспорт на итни случаи, бидејќи едното возило добиено со донација, утрово учествуваше во сообраќајна незгода, а останатите две беа на сервис.

– Веќе го добивме возилото кое беше на сервис поради поситен дефект и се договоривме со Здравствен дом Липково да користиме нивно возило за транспорт на итни случаи. И денеска превезовме лице до скопските клиники, изјави директорката Захариева.

Болницата, со сопствени средства склучила договор и чека на испорака на ново амбулантно возило.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кумановската болница без амбулантно возило, едното настрада во сообраќајка, две се на сервис

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Костал Македонија најави трет инвестициски циклус вреден речиси 50 милиони евра

Редакција

Вкупно 974: Нови 66 заразени со коронавирусот, најмногу од Куманово

Редакција

И ВМРО-ДПМНЕ закажа конгрес на партијата, ама во ноември

Редакција