еМагазин
Image default
Локално

Жичарницата на Водно од денеска ќе работи до 20 часот

Автобусите на Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ поради Меѓународниот ден на трудот – 1 Мај, денеска ќе сообраќаат по неделен возен ред, а билетарниците и центрите за персонализација нема да работат.

Жичарницата на Водно од денеска, пак, ќе работи од 10 до 20 часот.

– Од мај жичарницата работи два часа повеќе од изминатиот период, односно од 10 до 20 часот, согласно одлуката за работното време за период мај – септември. Од 19 – 19.30 часот е последното возење од долу нагоре, а во 19.45 часот ќе биде последното возење од горе надолу, соопшти ЈСП.

Фото: Град Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Изживување: Бел коњ „паркиран“ до дрво сред Битола

Редакција

На автобусот на ЈСП кој вчера се качи на жардиниера кај Мавровка, му се закочил воланот и бил технички неисправен, вели возачот

Редакција

42-годишен маж од Делчево загина откако со возилото излетал од патот

Редакција