На 30 април во Дортмунд, Германија се освети новата Македонска православна црква.
Чинот на осветување го изврши неговото блаженство архиепископот Охридски и македонски и на Јустинијана Прима г.г Стефан, надлежниот архиереј митрополитот европски г.г. Пимен, митрополитот Дебарско-кичевски г.Тимотеј, епископите од Српската православна црква г. Григориј и г. Јустин, парохискиот свештеник Душко Пецов и други свештенослужители од Европа и Македонија.
„Многуброен верен народ од сите краеви на Германија, па и од Европа беа сведоци на ваков несекојдневен настан. Ден збогатен со многу манифестации, со прекрасна дружба и прекрасна организација. Покрај Македонците можеше да се забележат и многу други луѓе од други националности, и гости од германските власти и други организации.
Во своите обраќања кон народот сите изразија задоволство и радост, а надлежниот архиереј г.Пимен потврди и најви дека продолжуваме со труд и работа и вети уште многу нови храмови низ цела Европа. Прекрасни убави моменти и радост за секоја душа,“ изјави за еМагазин домаќинот на Црквата – парохискиот свештеник Душко Пецов.
Тој се заблагодарил на сите присутни, на надлежниот архиереј митрополитот Европски г.Пимен, кој секогаш имал време и трпение да ги координира, на управата која целосно се посветила во градбата и секако на целиот народ кој дарувал и дарува во Црквата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Новата црква Св.Кирил и Методиј во Дортмунд, ќе биде осветена на 30 април
Потребни се донации за осветување на црквата Св.Кирил и Методиј во Дортмунд
Црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Дортмунд изградена за четири месеци