еМагазин
Image default
Да помогнеме

Потребни се донации за осветување на црквата Св.Кирил и Методиј во Дортмунд

За неполна година во Дортмунд, Германија на дело се покажа слогата, љубовта и единството на Mакедонците во таа околина и пошироко.

Имено, црковниот одбор со протојереј Душко, организирано и посветено сите донации ги наменија за градба на нова црква.

Црковната општина Св.Кирил и Методиј во Дортмун постои 30 години и ланската година се започна, а сега веќе скоро надворешно е изградена новата црква.

Претстои внатрешно уредување и апел до сите кои сакаат и можат да помогнат.

„Упорноста, ангажираноста на Црковниот одбор и советите и идеите од постарата генерација се покажаа делотворни. Благодарение на верниот народ кои несебично донираат црквата интензивно се гради“, вели протореј Душко Пецов за „еМагазин“ и упати апел и понатаму да се продолжи со донации како во блиска иднина би се осветил храмот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Да му помогнеме на Петар кој како последица од ретка болест, има сколиоза која треба да се оперира во Турција

Редакција

(ФОТО) Да помогнеме: Младото момче Предраг Стевковски е исчезнато, роднините бараат помош да се пронајде

Редакција

Да ја покажеме нашата хуманост и да донираме за Татјана Андева

Редакција