еМагазин
Image default
Бизнис

Добивката на Витаминка намалена за 60% во првиот квартал

Витаминка АД Прилеп за периодот јануари – март 2023 година оствари позитивен финансиски резултат искажан во неревидираниот единечен Биланс на успех, информираат од компанијата преку Македонската берза.

-Остварените единечни вкупни приходи во првото тромесечје од 2023 година изнесуваат 826,281 илјади денари и во споредба со остварените за истиот период во 2022 година бележат незначителен пад од 0,78%.

Во структурата на вкупните приходи најголемо учество, 99%, имаат приходите остварени од продажба на производи и услуги од основна дејност, кои во споредба со остварените во 2022 година се помали за 0,78%.

Остварените единечни вкупни расходи во првото тромесечје од 2023 година изнесуваат 805,601 илјади денари и во споредба со остварените за истиот период во 2022 година бележат намалување од 4%. Висината на вкупните расходи е во корелација со работењето во првото тромесечје од 2023 година.

Во извештајниот период е остварена добивка по оданочување во висина од 5,598 илјади денари, која во споредба со добивката за истиот период од минатата година е намалена за 60%, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

На менаџментот на Витаминка лани исплатени 35,1 милиони денари

Витаминка лани со добивка и раст на приходите

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Осигуреници за девет месеци наплатија 47 милиони евра, исплатени над 55.000 штети

Редакција

Инкасираат милиони: Топ пет компании од берзата по остварена добивка

Редакција

Профитабилноста на Окта се враќа на ниво пред кризата преку подобрени оперативни резултати поттикнати од зголемувањето на продажбата

Редакција