еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Обвинение за претседателот на бугарскиот клуб во Битола: Ќе одговара за ширење омраза кон Македонците и Евреите

Поднесено е обвинение за претседател на бугарскиот клуб “Ванчо Михајлов“ од Битола, Љупчо Георгиевски, кој неодамна беше избришан од Централниот регистар.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Бугарскиот клуб „Иван Михајлов“ избришан од Централен регистар

Тој се товари за предизвикување омраза, раздор и нетрпеливост врз национална и друга дискриминаторска основа. Според обвинението тој ги повредил чувствата на припадниците на Еврејската заедница со тоа што здружението го смести на улицата Рузвелтова, во поранешното Еврејско маало во Битола.

-Основното јавно обвинителство Битола поднесе Обвинителен предлог против едно лице кое се товари за продолжено кривично дело – Предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна, верска и друга дискриминаторна основа  од член 319 став 1 во врска со член 45, како и за продолжено кривично дело – Ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем од член 394-г во врска со член 45 од Кривичниот законик.

Обвинетиот како овластено лице на Здружението „Културен центар Иван Михајлов“, со намера да ги повреди чувствата на припадниците на еврејската заедница, го сместил просторот кој го користело здружението токму во т.н. Еврејско Маало во Битола, односно на истата улица во која се наоѓа и објектот познат како „Пионерски дом“, во кој пред Втората светска војна било сместено Здружението на Млади Евреи „Хашомер Хацеир“.

Овој простор бил свечено отворен за користење за членовите на Здружението „Културен центар Иван Михајлов“ на 16.04.2022 година – ден Шабат и прв ден Песах – еден од најголемите еврејски празници.

Со цел промоција на животот, идеологијата, рехабилитирање и осветлување на ликот и делото на Иван Михајлов, што е декларирана цел во Статутот на Здружението, обвинетиот дозволил на влезот во просториите да биде поставена табла со цитат од Иван Ванчо Михајлов со кој се негира посебноста на македонската нација.

Како администратор на Фејсбук страницата на Здружението, обвинетиот континуирано објавувал постови со кои се негира посебноста на македонскиот народ и јазик и историската улога на борците од народно-ослободителната антифашистичка војна 1941-1945 во создавањето на независната македонска држава.

Со објавите се промовирале контроверзни ставови на Иван Михајлов и се поттикнувала омраза и дискриминација спрема наследниците, почитувачите и продолжувачите на делата на Сојузот на борците, како и спрема македонскиот народ и македонскиот јазик. ​

Обвинетиот 45-годишен битолчанец ги сторил кривичните дела во периодот од 16.04.2022 година до 22.03.2023 година, свесен декa на дискриминаторен начин ќе разгори омраза и нетрпеливост врз основа на етничка припадност, јазик, религија и општествен статус спрема македонскиот народ и спрема припадниците на еврејската заедница во земјава, велат од Обвинителството.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Иселеник од Австралија со спреј го испрска натписот на бугарскиот клуб „Иван Михајлов“ во Битола

Фото: Фејсбук/Ванчо Михајлов

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Камион излета од автопатот Тетово-Гостивар и заврши во дворот на полициската станица, возачот повреден

Редакција

Детален преглед на состојбата со Ковид-19 по болниците низ Македонија

Редакција

Продолжува судењето за насилството во Собрание

Редакција