еМагазин
Image default
Бизнис

Од утре започнува исплата на Мој ДДВ, со зголемен лимит од 2.100 денари

Директорка на Управата за јавни приходи (УЈП), Сања Лукаревска најави дека од утре започнува исплатата на Мој ДДВ за првото тромесечје, со зголемен лимит од 2.100 денари.

-За прв пат ќе исплатиме 2.100 денари кај сите оние кои преку скенираните сметки дошле до тоа ниво. Во текот на утрешниот ден веќе ќе бидат исплатени првите налози.

Средствата што треба да се вратат преку оваа мерка за првото тромесечје се околу 10 милиони евра и тие средства се предвидени во буџетот. Ќе инсистирам секој почеток на тековна година да расте лимитот за поврат на ДДВ на физички лица, порача Лукаревска во интервју за емисијата „Утрински печат“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Не можеме да си дозволиме луксуз да се откажеме од рускиот гас, вели Бислимоски

Редакција

Најслушана радиостаница лани била Антена 5

Редакција

Печатница „Киро Дандаро“: Незначителен пожар и без последици

Редакција