еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА ТОП СТОРИИ

Инфлацијата во април 13%

Трошоците на животот во април 2023 година, во споредба со претходниот месец, се зголемени за 0,7, а цените на мало за 1,4 отсто. Во однос на април лани, пак, трошоците на животот бележат раст од 13, а цените на мало од 10,1 проценти, соопшти Државниот завод за статистика.

Пораст на индексите на трошоците на животот во април 2023 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај цигарите за 8,1 %, свежиот и разладениот зеленчук, освен компирите и другите коренести плодови за 2 %, месото за 1,4 %, виното за 1,2 %, кафето, чајот, какаото за 0,5 %, минералната вода, газираните пијалаци, соковите од овошје и зеленчук, жестоките пијалаци за 0,4 %, рибата и морските плодови за 0,2 %.

Во април, исто така, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај воздухопловниот патнички транспорт за 42,4 %, туристичките аранжмани за 8,4 %, парамедицинските услуги за 6,7 %, домашните миленици и сродните производи за 5,4 %, услугите за рекреација и спорт за 3,3 %, обувките за 2,7 %, поправката на аудиовизуелната, фотографската и информатичката опрема за 2,4 %, игрите, играчките и хобијата за 2,2 %, облеката, поправките и изнајмувањето обувки за 2,1 %, поправката на апаратите за домаќинствата за 2%, другите лични предмети за 1,7 %, чистењето, поправката и изнајмувањето облека, велосипедите, фотографската и кинематографската опрема и оптичките инструменти за 1,3 %, патниот патнички транспорт за 1,1 %.

Кај информатичката опрема за обработка на податоците, услугите за сместување за има раст од 1 %, фризерските салони и центрите за разубавување за 0,9 %, ткаенините за изработка на облека, големите електрични апарати за домаќинствата, големите алатки и опремата, рестораните, кафулињата и слично за 0,8 %, услугите за одржување и поправки на живеалиштето, мебелот и покуќнината за 0,7 %, актуелните ренти исплатени од станари, стоматолошките услуги за 0,6 %, поправките на мебелот, покуќнината и покривките за подот за 0,4 %, моторните возила, накитот, часовниците и рачните часовници за 0,3 %, домашните услуги и услугите за домаќинствата, опремата за спорт, кампирање и рекреација на отворено, другите услуги, неспоменати на друго место за 0,2 %.

Намалување на индексите на трошоците на животот во април 2023 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај маслото и маснотиите за 6,5 %, свежото и разладеното овошје за 3,2 %, млекото за 3,4 %, сирењето и урдата, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 1,5 %, лебот и житата, прехранбените производи, неспоменати на друго место за 0,4 % и пивото за 0,3 %.

Исто така, намалување на индексите на трошоците на животот е забележано и кај течните горива за домаќинствата за 4,9 %, градините, растенијата и цвеќињата за 3 %, гасот за домаќинствата за 2,9 %, малите алатки и останатите додатоци за 1,3 %, другите апарати и производи за лична хигиена за 1,2 %, текстилот за домаќинствата за 0,8 %, книгите за 0,7 %, малите електрични апарати за домаќинствата за 0,5 %, горивата и мазивата за сопствените превозни средства за 0,4 %, опремата за прием, снимање и репродукција на звук и слики за 0,3 %.

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Заев на руските комичари им праќал слики со Меркел

Редакција

(Галерија) Балетот „Госпоѓиците од Авињон“ синоќа со овации беше награден од публиката во Центарот за култура во Битола

Редакција

(Фото) Моделот Андреј Пајмакоски склучи ексклузивен договор со престижната ЕЛИТ агенција

Редакција