Секретарот на избришаниот од Централен регистар, т.н. бугарски клуб „Цар Борис Трети“, охриѓанецот Христијан Пендиков на свечена церемонија стана бугарски државјанин.
Документите лично му ги предаде бугарската потпретседателка, Илијана Јотова, а бугарските медиуми церемонијата ја пренесуваа во живо.
Пендиков од Софија упати нови обвинувања кон македонскикте власти.
„Во Македонија има уште многу македонски Бугари кои секојдневно се борат за нашата кауза и идеологија. Тие секојдневно трпат притисок од тамошните власти“, рече Пендиков по церемонијата.
Јотова пак го опиша Пендиков како храбар човек кој останал верен на бугарскиот идентитет и самосвест и покрај, како што рече, провокациите што ги трпел.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Левицата поднесе кривична против Христијан Пендиков за повреда на угледот на Македонија
Пендиков ќе добие стан, обезбедување и бугарско државјанство по итна постапка
(Галерија) Како Христијан Пендиков од Македонец стана Бугарин
Фото/видео: Novini.bg