еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Чуваат во банка над 30.000 евра: Расте бројот на „богаташи“ во Македонија

Вкупниот износ на депозити на населението во банкарскиот сектор во Република Македонија на крајот на месец декември 2017 година изнесуваше 241 милијарди денари (3,9 милијарди евра). Годишниот раст на депозитите е 5,9%, што е главно детерминиран од месечната стапка на раст на депозити на население од 3% во месец декември 2017 година.

Историските податоци за движење на депозитите на годишно ниво за периодот 2014 – 2017 година укажуваат дека во 2017 година има највисок годишен раст на депозити од 5,9% по трендот на намалување на годишниот раст на депозити кој започна во 2015 година.

Анализата на кварталните движења на депозитите на населението на Фондот за осигурување депозити каде истите се групирани според законски определеното ниво на обесштетување на осигурените депозити, т.е. до и над 30.000 евра во денарска противвредност дава сигнал на намалување на учеството на депозитите до 30.000 евра во однос на вкупните депозити од 57,7% во четвртиот квартал од 2016 година на 56,1% во четвртиот квартал од 2017 година и следствено зголемување на депозитите над 30.000 евра во однос на вкупните депозити од 42,3% во четвртиот квартал од 2016 година на 43,9% во четвртиот квартал од 2017 година.

Трендот на намалување на депозити до 30.000 евра и зголемување на депозити над 30.000 евра се задржува и при поединечната анализа на депозитите по банки и штедилници каде учеството на депозитите до 30.000 евра во банките се намалува од 57,6% (IVQ, 2016) на 56% (IVQ, 2017) и следствено се зголемува учеството на депозитите над 30.000 евра од 42,4% (IVQ, 2016) на 44% во четвртиот квартал на 2017 година.

Истиот тренд на намалување односно зголемување се задржува и кај штедилниците каде учеството на депозитите до 30.000 евра се намалува од 81,2% (IVQ, 2016) на 77,4% (IVQ, 2017) и следствено се зголемува учеството на депозитите над 30.000 евра од 18,8% (IVQ, 2016) на 22,6% во четвртиот квартал на 2017 година.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Воздухот во Тетово загаден од пожарот, учениците два дена нема да одат на училиште

Редакција

Cineplexx со нова локација, и во „Ист гејт мол“

Редакција

Ердоган во телефонски разговор го повикал Путин да прогласи прекин на огнот во Украина

Редакција