еМагазин
Image default
ТОП СТОРИИ ЧИСТА ОКОЛИНА

(Фото) Охридско Езеро се чистеше од цврст отпад, најголем дел доаѓа од реките кои се слеваат во езерото

Во организација на Нуркачкиот центар Амфора од Охрид се реализираше голема еколошката акција за чистење на Охридското Езеро од цврст отпад, “Охрид еко 2023“, информираат од таму на Фејсбук.

Акцијата се изведе на локациите – извори Св Наум и пристаниште Св Наум – манастир Св Наум.

Во акцијата учество 28 нуркачи од Нуркачкиот центар Амфора, Спелеонуркачки клуб Врело од Скопје, како и припадници на нуркачкиот тим на БСС на АРМ кои се вклучуваат во сите поголеми еколошки акции и активности што ги организира Нуркачкиот центар Амфора.

Од дното на Езерото се извади огромна количина на разновиден цврст отпад како што се пластични шишиња, лименки, пластики, конзерви и друго.

Проектот е реализиран со подршка на Скопско АД Скопје и на ресторанот Острово Св Наум.

-Голема благодарност и до ЈП Комуналец Охрид кои во секоја акција навремено го подигнуваат извадениот отпадот и го транспортираат до депонија, велат од таму и потенцираат дека најголемата количина на цврст отпад доаѓа преку реките кои се слеваат во езерото.

Фото: Фејсбук/Нуркачки центар Амфора

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СЗО: Светот нема да се ослободи од ковид до крајот на годината

Редакција

(Вознемирувачки видеа) И новинарите се цел на Израел, дневно во просек во Газа е убиен по еден новинар

Редакција

Починаа уште осум нови пациенти од Ковид-19, тројца од Скопје

Редакција