еМагазин
Балкан ТОП СТОРИИ

Кемал Киличдароглу по поразот од Ердоган најави дека „борбата продолжува“

Кандидатот за претседател на турската опозиција Кемал Киличдароглу по поразот на изборите најави дека „борбата продолжува“.

– Не можев да ги бранам вашите права, рече тој во обраќањето од партиското седиште.

– Не побегнав од неправеден систем. Не можев да молчам против тоа милиони луѓе да станат граѓани од втор ред во оваа земја. Не можев да дозволам да ги прекршат вашите права, децата да ви одат во кревет гладни. Земјоделците да не можат да произведуваат. Не можев да ги дозволам работи, потенцираше Киличдароглу.

Тој вели дека ќе продолжи да се бори за одбрана на правата на Турција, а потоа особено им се заблагодари на „жените и младите“.

– Тие се вистински херои, истакна тој.

– Желбата на луѓето да поддржат авторитарен режим излезе на виделина. Тоа ќе продолжи да биде дел од нашата приказна, додаде тој.

На крајот им се заблагодари на 25-те милиони луѓе кои гласаа за него и порача дека „битката продолжува“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Ердоган останува претседател на Турција

МИА/Фото: Фејсбук/Киличдароглу

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Во Лепенец се удави брачната двојка Пацоли од Косово и нивниот 16-годишен син, преживеа постариот син: Сите детали

Редакција

(Фото) Отворен Центарот за мајка и бебе во Клиника Жан Митрев – родилиште според највисоки стандарди во Македонија

Редакција

Жито Караорман со загуба во третиот квартал

Редакција