еМагазин
Image default
Спорт

Ѓоковиќ: Пред неколку месеци не очекував ваков успех, планинарењето ми помогна

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ по освојувањето на Ју-Ес опен изјави дека пред неколку месеци, кога имаше сериозни проблеми со повредата, не очекувал да има толку успешна сезона.

– Да ми кажевте во февруари по операцијата дека ќе ги освојам Вимблдон, Синсинати и сега Ју-Ес опен искрено немаше да ви верувам. Очекував да се вратам во врвна форма, а дека тоа ќе трае повеќе месеци. Во текот на овој период научив да бидам трпелив, а тоа никогаш не беше моја силна страна, истакна Ѓоковиќ.

Српскиот тенисер наведе дека поразот на Ролан Гарос сезонава особено го мотивирал за новите успеси.

– Тој пораз ме научи на многу нешта. Бев многу разочаран тој ден, бидејќи претходно чувствував дека напредувам. Тогаш заминав на планинарење со мојата сопруга и по неколку часа стигнавме на врвот. Седнавме и го гледавме светот од друга перспектива, а тоа ми даде нова инспирација и мотивација, нагласи српскиот тенисер.

Ѓоковиќ потенцира дека имал многу проблеми во првиот дел од сезонава, но дека не сака да се навраќа на тоа.

Тој во финалето го совлада аргентинскиот тенисер Хуан Мартин дел Потро и ја освои третата титула на Ју-Ес опен во кариерата.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пандев го прекинал тренингот во Амстердам поради повреда на зглобот

Редакција

Македонија денеска против Португалија игра за пласман на Светското првенство во фудбал

Редакција

Новак Ѓоковиќ не сака да се вакцинира, и по цена да ја заврши тениската кариера

Редакција