Лидерот на владејачката ДУИ, Али Ахмети заедно со првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, беше во посета на семејството на Хашим Тачи, кој е обвинет за воени злосторства од страна на Хашкиот трибунал.
Неговото судење е во тек.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Хашим Тачи обвинет за воени злосторства: Жртви Албанци, Срби и Роми
За посетата кај семејството на поранешниот косовски претседател, Ахмети информираше на Фејсбук.
„Денеска го посетив семејниот дом на мојот пријател и поранешен претседател на Косово, Хашим Тачи, за да им дадам поддршка и сила на неговите родители и роднини во битката за правда. Правдата може да биде одложена, но никогаш не е заборавена“, напиша Ахмети на Фејсбук, додавајќи дека со гордост ќе ги пречкаат Тачи и останатите кога ќе се вратат како победници на правдата.
Фото: Ахмети/Фејсбук