еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Странците ќе плаќаат исто како и македонските граѓани за приватно лекување во јавното здравство

Во врска со ценовникот за давање на здравствени услуги на странци до сите универзитетски клиники и институти е доставен допис за усогласување на ценовниците за приватни здравствени услуги за странците со оние за македонските граѓани, велат за МИА од Министерството за здравство.

– За овие промени не требаше никакви промени во Законот и дел од клиниките и институтите веќе имаа изедначени ценовници, односно еден ценовник за приватни здравствени услуги.

Со оваа промена, на странските државјани им даваме право на избор помеѓу јавните и приватните установи, со тоа што го промовираме јавното здравство како една достапна ефикасна здравствена услуга во нашата држава, конкурентна на пазарот на трудот, појаснуваат од Министерството за МИА.

Оттаму информираат дека се започнува и процедура за потпишување на договор за соработка со Грција, со цел на уредувањето на меѓусебните односи во областа на социјалното осигурување, за непречено остварување на правата од социјалното осигурување при движење на нашите граѓани во Грција и преносливост на тие права при нивното движење во рамките на грчката територија.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вработен на Инфективна позитивен на конго-кримска хеморагична треска и е хоспитализиран

Редакција

Сашо Мијалков и Муса Џафери ќе сведочат на судењето за „Монструм”

Редакција

Мицкоски: Квази-патриотски навој и крик на Каракачанов поради сомнението за поткуп за бугарските пасоши

Редакција