еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Артан Груби доби помошници за изградбата на коридорите, ќе земаат плати до 70 илјади денари

Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП ) донесе одлуки за вработување работници во проектната единица за спроведување на проектот за изградба на инфраструктурниот проект коридор 8 и коридор 10д, согласно со огласот 1/2023, објавен на 13 април со којшто се бараше ангажман на работници на повеќе позиции од градежништвото, административни работници и возачи.

Донесена е одлука за избор на Семијал Хасани Зибери за работното место – помошник на главниот и одговорен координатор на проектот (вицепремиерот Артан Груби), позиција за која е предвидена плата од 70.052 денари.

За местото координатор на единицата за техничка изведба на проектот, за кое е предвидена плата од 65.029 денари, ќе биде ангажиран Рами Јусуфи.

Вработени се само двајца од планираните четворица специјалисти за експропријација на имот предвидени со огласот. Ангажман добиле и еден преведувач, а наместо по двајца извршен е избор на по еден специјалист за следење и подготовка на проектна документација, еден административен работник и еден возач. Не е извршен избор за позицијата известувач за проектот, специјалист за инвестиции и градба на патишта, како и специјалист за урбанистичко планска документација.

Огласот траеше до 25 април, а договорот е до 22 јануари 2028 година, односно до завршување на проектот. Одлуките на ЈПДП се достапни на линкот .

За спроведување на Договорот со американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“ со кој е предвидена изградба на четири автопатски делници во должина од над 120 километри на коридорите 8 и 10д, неодамна во Собранието беа изгласани измени на шест закони.

Планирана е изградба на автопатските делници на Коридорот 8: Требеништа – Струга – Ќафасан (22,5 километри) Гостивар – Букојчани (30,1 километар), Тетово – Гостивар ( 27 километри) и на делницата Прилеп – Битола (43,4 километри) од Коридорот 10-д.

МИА/Фото: Груби/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кои се најтргуваните акции на Македонската берза во ноември

Редакција

Пад на вредноста на јавните набавки на општините за една третина, во Скопје дури за 68%

Редакција

Пунктовите за вакцинација ќе работат и без закажување

Редакција