Цените на Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 од полноќ поевтинуваат за еден денар, додека цената на Еуродизел останува непроменета.
За половина денар поевтинува и Екстра лесното масло за домаќинство.
Согласно денешната одлука на Регулаторната комисија за енергетика, Еуросупер БС-95 ќе се продава по цена од 80,5 денари за литар, а Еуросупер БС-98 по цена од 82,5 денари за литар.
Новата цена на Екстра лесното масло за домаќинство ќе биде 68,5 денари за литар.
Дизелот и понатаму ќе се продава по цена од 70,5 денари за литар.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,503 ден/кг и сега ќе изнесува 41,029 ден/кг.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.