еМагазин
Image default
Забава

(Видео) The Frajle го прославуваат својот 14. роденден

Годинава во која Frajle го прославуваат својот 14-ти роденден се целосно работно ангажирани. Летото им е исполнето со веќе закажани турнеи по регионот, а поради специфичниот настап на концертите од медиумите ја добија и титулата Амбасадорки на добрата забава.

„Оваа титула за нас е голема чест бидејќи истата ја потврдува посветеноста која ја имаме во својата работа и желбата да сите емоции кои се наоѓаат во нашите песни се пренесуваат на публиката.

Сега веќе после 14 години тоа е взаемна љубов помеѓу нас и нашата публика и прилика да со секој нов концерт, особено во Србија, Македонија, Хрватска, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Словенија, да ги избришеме границите и да создадеме музика за публика од 7 до 77 години, но и за секој помлад и повозрасен,“, едногласни се Frajle по добивањето на титулата Амбасадорки на добрата забава.

Фановите на концертите може да уживаат во нивните сценски движења, кореографијата и автентичниот звук на трите дами од групата Frajle.

И покрај големата ангажираност на турнеите Frajlе не мируваат, напротив, тие вредно работат на новиот албум, на претставата и книгата „Како станав Frajla“ и продолжуваат да го прошируваат својот бренд во повеќе насоки.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Благој Нацоски и „Цацко Конопишки“ феноменални со легендарната песна „Ти си некаде“

Редакција

(ВИДЕО) Слушнете ја новата песна на Тоше, „Secret Place“

Редакција

(Видео) Четврта нумера од проектот „Македонијо во срце те носиме“: „Море сокол пие“ во изведба на Мина Блажев

Редакција