еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Ковачевски без коментар за внукот на Ахмети, кој го купува бизнис центарот „Соравиа“

Премиерот Димитар Ковачевски денеска не сакаше да го коментира купувањето на „Соравиа“ од страна на внукот на лидерот на ДУИ, Али Ахмети и упати на надлежните институции доколку постои било каков сомнеж.

– Доколку некој изрази сомнеж во однос на било која трансакција тогаш за тоа се задолжени институциите кои тоа можат да го испитаат. Доколку имате прашања треба да ги поставите до оние кои се учесници во правниот промет, а тоа се приватните компании коишто учествуваат.

Кој чиј роднина е, единствено се проверува во Централниот регистар, а она што најдобро ги потврдува аквизициите на компаниите, тоа е текот на финансиските средства кое единствено се проверуваат преку банките и преку управите во Министерството за финансии, изјави денеска Ковачевски во одговор на новинарско прашање.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Телма: Внукот на Ахмети има 4 фирми

Каков имот пријавил Али Ахмети

Една од фирмите која го купува бизнис центарот „Соравиа“ е на внукот на Ахмети, објави МКД

МИА/Фото: Соравиа/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Поради зголемен број на случаи со Ковид-19, Црна Гора ги затвори границите за македонските граѓани

Редакција

Вкупно 83 трудници заразени со корона вирусот, 39 биле без симптоми

Редакција

(Фото) Алкалоид станува партнер на СОС Детско село

Редакција