еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Од среда дестабилизација на времето, во четврток посвежо

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) најавува дестабилизација на времето од среда, кон крајот на денот, кога се очекуваат, како што наведува, локален пороен дожд и грмежи.

Според УХМР, во четврток ќе дува умерен до засилен северен ветер, што ќе услови температурата да се намали за неколку степени, а од петок температурата повторно ќе биде во пораст.

Времето утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 20, а максималната ќе достигне од 26 до 33 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне 31 степен.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Владата на Ковачевски ќе брои 21 член: СДСМ и коалицијатата ќе имаат 12, ДУИ шест, а Алтернатива тројца министри

Редакција

Мицкоски: Ако Бугарија продолжи со своите барања, бараме напуштање на договорот и склучување нов

Редакција

По војната во Украина, ќе има радикални промени не само во европската, туку и во светската политика, вели украинската амбасадорка Задорожњук

Редакција