еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

(Фото) Јанкулоска после судење си замина со моторче и со наопаку ставена кацига

Поранешниот директор на Агенцијата за спречување на перење на пари, Ване Цветанов објави фотографија од поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска на мотор, но со погрешно ставена кацига.

„Неслучајно постарите велат најстрашно е ако Господ ти го земе умот… Од после судење, поранешната министерка Гордана Јанкуловска, си тргна со моторче, но со наопаку ставена кацига.

Казна за сообраќаен прекршок неносење кацига има. А каква е процедурата за учесници во сообраќајот со наопаку ставена кацига? Ако е исплашена и расеана до тој степен наопаку да си ја намести кацигата, Гордана е опасна и по себе и по целиот сообраќај во Скопје“, напиша Цветанов на неговиот фејсбук-профил.

Јанкулоска денеска се појави на суд за предметот „Титаник“ кој беше одложен за 24 септември

фото: Фејсбук/Јанкулоска/Фејсбук-профил на Ване Цветанов

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Спасени четворица косовски државјани кои заглавиле во снегот на Галичица

Редакција

Убиен таткото на Гани Туша, осомничениот за убиството на Орхан Бајрами – Оки 

Редакција

Општина Битола склучи договор со ЈП за урбанистичко планирање, проектирање и инженеринг вреден 641 илјади евра

Редакција