еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Хаотична ноќ во Франција поради убиство на тинејџер од полицијата: Приведени 1.000 демонстранти, запалени 1.350 автомобили, повредени 79 полицајци

Француското Министерство за внатрешни работи соопшти дека изминатата ноќ се уапсени 994 лица, а повредени се 79 полицајци и припадници на жандармеријата. Запалени се околу 1.350 автомобили, а опожарени или оштетени се 234 објекти. Надлежните регистрирале вкупно 2.560 пожари.

Нередите во Франција избувнаа откако тинејџер беше убиен од полицаец во вторникот во предградие на главниот град Париз.

Насилни протести синоќа, четврта ноќ по ред, имаше во Марсеј, Париз, Лион, Тулуз, Стразбур и Лил.

За справување со нередите биле ангажирани околу 45.000 полицајци, неколку оклопни возила и хеликоптери.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Доктор Лазаров: Вакцините со кои се планира масовна имунизација кај нас, се дискутабилни за индискиот сој на коронавирусот

Редакција

И по еден месец, без одговор на куп прашања за „Рекет„

Редакција

(Видео) Евидентирале дека турски државјани влегле во Македонија, а ги немало на Блаце, кривична за двајца полицајци

Редакција