еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Жената која ја усмрти багер била истакнат археолог

Ленче Јованова е жената која на пешачки во Скопје ја усмрти багер, соопштија од Македонското археолошко научно друштво.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Багер во центарот на Скопје удрил во 66-годишна жена која починала на лице место

-Ленче Јованова беше долгогодишен член на Македонското археолошко друштво и кустос советник во Музеј на град Скопје.

Таа остави длабок и неизбришлив траг во македонската археологија истражувајќи ги културните хоризонти на античкиот град Скупи.

Нејзиниот интерес беше насочен кон проучување на римската материјална култура.

Автор е на бројни изложби, каталози, статии, студии, а особено се значајни монографиските изданија Скупи – Colonia Flavia Scupinorum; Скупи – некрополи: стории за истакнати личности според епиграфски и археолошки сведоштва; Скупи: сектор југоисточен бедем и комплекс терма – базилика со атриум.

Ленче Јованова засекогаш ќе остане во нашите сеќавања како врвен и искусен професионалец кој со огромна посветеност го промовираше македонското културно наследство во земјава и светот, соопштија од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Судот ги прифати мерките за претпазливост на Обвинителството за багеристот кој усмрти жена на пешачки

Обвинителство отвори истрага за багеристот кој усмрти жена на пешачки во Скопје

Фото: Македонско археолошко научно друштво

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Каков имот пријавил Стојанче Ангелов, кој од в.д. е именуван за директор на ЦУК

Редакција

Судењето за Зеќири почна од почеток, обвинетиот повторно се изјасни за невин, испитани сведок и вешто лице

Редакција

Македонски државјанин осомничен за убиство на две жени во Тирана, полицијата распиша потерница по него

Редакција