еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

На постпородилната депресија не ѝ се посветува воопшто внимание, вели доктор Лазаров

Психолошката состојба на родилките, првенствено постпородилната депресија е нешто на што исклучително малку или воопшто не му посветуваме внимание како здравство и како општество, пишува на својот Фејсбук профил доктор Ненад Лазаров, а по повод родилката која се обиде да се самоубие на Клиниката за гинекологија.

“Не смее да се занемари и сопругот и неговата поддршка и учество во целиот процес, од самата бременост па се до раѓањето и пуерпериумот, кој има круцијална улога за менталното здравје на родилката, особено во првите денови по раѓањето.

Иако за среќа не е честа појава, постпарталната психоза оправдано се смета за здравствена итност, се случува 0.09 до 2.6 од 1.000 раѓања, а неретко резултира со обиди за суицид, доста често во позадина има претходна психичка состојба,“ вели Лазаров.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Родилката која се обиде да си го одземе животот е во многу критична состојба

39-годишна пациентка се обидела да се самоубие на Клиниката за гинекологија откако се породила

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

17 лица биле на возраст од 30 до 59 години: За една недела 167 смртни случаи од Ковид-19

Редакција

(ВИДЕО) По 32 години нова железничка пруга кон Грција: Битола-Кременица готова до крајот на годината

Редакција

Предлогот за уставни измени не треба да се поддржи, не смее патот за Брисел да води преку Софија, кажа во Собрание Силјановска Давкова

Редакција