еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Девалвација на еврото во Албанија поради туристите и илегално внесените пари

Заедничката европска валута, еврото, вчера го допре историскиот минимум во размена со албанската валута, лекот.

Според официјалниот курс на Централна банка на Албанија, еврото се разменуваше за 104,85 лека со што е соборен рекордот поставен на 9 јуни од 105,6 лека.

-Централната банка планира операција во четврток за откуп на валути од 5 до 9 милиони евра од пазарот. Останува да видиме дали ќе има влијание, наведуваат медиумите.

Додаваат дека туристичките текови, но и „илегално внесените пари континуирано ја девалвираат европската валута, погодувајќи ги извозниците, но и резервациите во евра за летување“.

Според банката пак купувањето имот од странски државјани ја зголемува понудата на европската валута во земјава, што влијае на нејзината девалвација.

Во првите месеци од годинава еврото се разменуваше со 122 лека.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ислам Абази избран за наследник на Вилма Русковска

Редакција

Унгарската претседателка Новак без коментар за азилот на поранешниот премиер Груевски

Редакција

Обвинителство ќе ги преземе предметите за кои СЈО ќе се огласи за ненадлежно

Редакција