еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Каков имот пријавила Антоанета Димовска, која е кандидат за член на Судскиот совет

Антоанета Димовска, судијка од Основен граѓански суд Скопје е еден од кандидатите за член на Судскиот совет од редот на судиите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Наке Георгиев и Антоанета Димовска кандидати за членови на Судскиот совет од редот на судиите

еМагазин го разгледа нејзиниот анкетен лист кој го доставила до Антикорупциската комисија кога станала судијка во Основен граѓански суд Скопје.

Каков имот пријавила

На свое име пријавила земјиште во Скопје, куќа во Скопје, возило Шкода октавиа, кредит од 53 илјади евра, за кој нема податоци кога е земен и кога треба да се врати, како и прилив на средства од продажба на стан.

Како заеднички имот пријавила стан во Скопје, на име на сопругот пријавила уште еден стан во Скопје, кој е подарок.

Како заеднички имот, на име на сопругот и на децата, пријавила уште три автомобили.

На име на сопругот пријавила и акции, пријавила уште еден кредит, за кој нема податоци кога требало да биде вратен и чив е, а прилив од продажба на стан пријавила и на име на сопругот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавил Наке Георгиев, кој е кандидат за член на Судскиот совет

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Радош Вукиќевиќ не е повеќе генерален директор на Тиквеш

Редакција

Проф. Трајковски: Речиси целото население, макар и со едно прележување или само со две дози вакцини веќе поседува долгорочна заштита од тешка форма на Ковид-19

Редакција

Каков имот пријавил пратеникот Игор Дурловски

Редакција