еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Над половина од документите во земјава сменети со новото име

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, кој денеска во рамки на активноста „Отворен кабинет“ беше во Тетово, информираше дека над половината од личните документи на граѓаните се променети, со цел во нив наместо Република Македонија, да стои новото уставно име Република Северна Македонија, кое произлегува од Преспанскиот договор со Грција.

На новинарско прашање дали може да се избегнат дополнителните трошоци како со регистарските таблици, Спасовски рече дека мора да се платат документите.

– Документите треба да бидат променети до средина на февруари 2024. Веќе над 50 проценти од документите се променети, тоа оди со една добра динамика која ја имаме.

Начинот на промена мора да биде направен, тоа е детерминирано од Уставот и законите и нема друг начин, бидејќи ние сепак за производството на тие документи има ангажирано фирма којашто ги произведува. Тие документи мора да бидат платени.

Додека знаете дека за регистарските таблички донесовме одлука со којашто тука практично тој издаток нема да го плаќаат граѓаните и ќе се олесни, така да во секој поглед гледаме што е можно максимално да помогнеме на граѓаните во рамките на можностите, истакна Спасовски.

Министерот информираше дека до крајот на годината ќе има и двојазични униформи кај полицајците.

– Започна реализацијата на имплементација на сите тие законски решенија и подзаконски акти, итн.. А ние тоа го направивме во рокот којшто беше предвиден со правилниците. Секако дека сега продолжува процесот, се вршат набавките во однос на униформата, односно ознаките, така и тие ќе бидат променети. Тоа е постапка во тек. Многу скоро време тоа се завршува.

Сега имавме одредени технички проблеми во смисла на преводи и објавувања, итн. сето тоа како се завршува, меѓутоа генерално на подрачјето на Република Северна Македонија секаде веќе е започнат процесот, истакна Спасовски во Тетово.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кавадарчанка го убила партнерот, па го запалила

Редакција

Цената на бензините и дизелот останува иста

Редакција

Боби Ѓошиќ назначен за в.д. директор на Центарот за култура во Струмица

Редакција