еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

МВР потврди дека непознато лице пукало врз таткото на исчезнатиот Самоил Костадиновски

Непознато лице изутринава пукало во 57-годишниот Љ.К. пред неговиот дом на подрачјето на Аеродром, кој потоа е пренесен во болница за укажување на лекарска помош.

Како што објавија медиумите, станува збор за таткото на исчезнатиот Самоил Костадиновски, 26-годишниот внук на политичарот и лидер на Обединети за Македонија, Љубе Бошковски.

Случајот го потврдуваат и од МВР, кои информираат дека полициски службеници излегле на местото и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

– Денеска во 08:30 во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Аеродром едно лице пукало и го повредило Љ.К. (57) пред неговиот дом. Повредениот бил пренесен во комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош, информираат од МВР.

Самоил Костадиновски е пријавен за исчезнат од 3 март годинава, откако бил киднапиран во скопската Општина Кисела Вода. Неговото семејство упати повеќе повици на социјалните медиуми, а неговиот татко нудеше и парична награда за негово пронаоѓање. 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Утрово пукано во таткото на внукот на Љубе Бошковски, од кој со месеци нема ни трага, ни глас

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Акционер доби „тежок“ судски спор против Стопанска банка Скопје за исплата на дивиденда

Редакција

Државните ревизори откриваат дека СДСМ преку правна постапка си го бара наследството

Редакција

Ќе има ли нов бран на поскапувања: Кои производи од денеска ќе се продаваат без ограничени маржи

Редакција