еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

В петок портокалова фаза, температури и до 43 степени и УВ индекс 10

Времето утре ќе биде особено топло во целата држава, а в петок само во јужните делови, кога наместа температурата ќе надмине 40 степени и ќе биде активно портокалово ниво на опасност од високи температури.

В петок максималната температура ќе се искачи до 43 степени.

Како што соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), под влијание на топол бран следува период на стабилно и многу топло време со дневни температури во поголемиот дел од земјава над 35 степени, а утринските во Скопје и во јужните делови нема да се спуштаат под 20 степени.

Во Скопје утре ќе биде сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од јужен правец. Утринскатата температура ќе биде 19, а максималната 40 степени. УВ индексот ќе изнесува 10.

И за викендот ќе биде сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 24 степени, а максималната од 34 до 41 степен. УВ индексот ќе изнесува 9.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Реновирана болницата за респираторни инфекции во Отешево

Редакција

Од 16. мај се укинува носењето маска на аеродромите во Европа

Редакција

Заев разочаран: Нема политички договор со Мијалков, ако има пропусти за бегството ќе барам одговорност

Редакција