На 12.09.2018 година во 12.05 часот на регионалниот пат Прилеп-Кичево, во атар на село Русјаци, товарно возило „Фиат Дукато“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.З.(60) од село Самоков-Македонски Брод, излетало од патот и удрило во дрво, информира МВР.
На пат заболницата во Прилеп, Р.З. им подлегнал на повредите, а сопатникот С.А. (18) од село Ковач-Македонски Брод бил пренесен во Медицински центар Кичево, каде му биле констатиранителесни повреди. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станицаМакедонски Брод. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.