Полицијата во координација со Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) утрово на повеќе локации во Скопје врши претреси, а има и приведени повеќе лица, потврдија за МИА од МВР.
Детали за акцијата од МВР најавија во текот на денот.
Според информациите на „Телма“, меѓу уапсените е и Исмет Гури, поранешен заменик директор во дирекцијата на Управата за јавни приходи (УЈП) во Скопје, како и неговиот син.
Осомничени се вкупно 15 лица и три фирми.
Станува збор за злоупотреба со финансискиот инструмент даночен гарант, при што е направена штета на буџетот од околу 840 илјади евра.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Исмет Гури и Ејуп Алими од ДУИ повторно осудени на три и пол години затвор за „Титаник 3“
Фото: Унсплеш
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.