еМагазин
Image default
ЧИСТА ОКОЛИНА

На загадувањето мислиме само во зима

Околу 1.700 нови барања за приклучок кон централното парно греење се поднесени до ЕСМ енергетика. Од нив околу 150 се корисници кои повторно се враќаат на системот на централно греење, додека другите се нови приклучоци.

Акцијата за бесплатен приклучок трае до крајот на летото, а целта е да се привлечат нови корисници на системот за централно греење. Зголемувањето на бројот на корисниците на централното градско греење е значајно за Скопје затоа што на тој начин за загревање на домовите се користи топлинска енергија која е добиена од гасот како основен енергенс и штетните влијанија за животната средина се минимални.

Студиите за причините за загадувањето во Скопје, но и во другите градови во земјата, покажаа дека загревањето на домовите е причинител број еден за зголемување на загадувањето. Тоа е случај и во градови кадешто воопшто нема поголеми индустриски капацитети.

И апликацијата „Мој воздух“ го потврдува ова. За разлика од состојбите во зимските месеци, мерењата за изминатиот месец покажуваат дека параметрите за квалитетот на воздухот се во рамки на дозволените граници и нема загадување, иако во овој период се изведуваат интензивни градежни активности во градското подрачје, а со полна пареа работат и индустриските капацитети, како УСЈЕ, Мастил и други.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Сите детали: Како да се пријавите за субвенции до 18.000 денари за вградување на плин во возилата

Редакција

(Фото) Поради куповите смет „оро играат бактериите“ во Тетово

Редакција

Преспанското Езеро и понатаму под минимумот, извесно намалување на нивото и кај реките

Редакција