еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Еден донор утрово спаси четири животи, даруваше бубрези, срце и црн дроб

Првпат во историјата на македонското здравство, утрово од еден дарител беа експлантирани четири органи во еден акт, информираат од Министерство за здравство.

“Благодарение на хуманоста на едно семејство, нивната љубов, добрина и емпатија која ја носат во себе, рано утрово ново срце почна да чука во градите на 40 годишен пациент од Скопје.

Нова шанса за живот и црн дроб доби пациент со хронична црнодробна болест, а двајца пациенти на дијализа во текот на денот ќе добијат бубрези. Дополнитено шанса за поквалитетен живот наредниве денови ќе добијат и пациенти со коскени заболувања.

Уште еднаш благодарност до семејството на донорот кои со нивната несебична одлука ни донесоа утро полно надеж и верба во безусловна добрина.

Благодарност до сите медицински тимови кои изминативе 24 часа работеа и се уште работат на скопските хируршки и интерни клиники.

На пациентите кои добија органи им посакуваме брзо опоравување. Горди сме на секој нов успех во македонското здравство,” се вели во соопштението.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Д-р Пановски: Се очекува бројот на смртни случаи од Ковид-19 да достигне над 60 лица дневно

Редакција

Каков имот пријавила Катерина Колариќ, новиот обвинител во ОЈО за гонење организиран криминал и корупција

Редакција

(Видео) Семејството на починатата Викторија Николова згрозено од пресудата

Редакција