еМагазин
Image default
Бизнис

Владата подготвува измени на законот за лекови и медицински помагала

Министерството за здравство подготвува предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за лековите и медицинските помагала. Во образложението се вели дека согласно Законот за лековите и медицинските со Агенцијата за лекови и медицински средства раководи директор на Агенцијата.

„Условите и постапката за именување, времетраењето на мандатот и овластувањата на директорот се уредени со Законот. Од досегашното искуство во примената на Законот во делот на работата на директорот и функционирањето на Агенцијата се констатира дека, заради непостоење на заменик, во случај на отсуство на директорот, се јавува проблем во ефикасното вршење на работите“, пишува во образложението.

Главна цел на измените на законот е да се обезбеди непречено и навремено функционирање на Агенцијата за лекови и медицински средства.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Бифтекот во Влада од 180 ќе поскапи на 270 денари: За 50% поскапува храната во владините објекти

Редакција

ТТК Банка оствари добивка од 31,9 милиони денари

Редакција

Лидл планира маркет и во Струмица

Редакција