еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Десничарската Народна партија победи на изборите во Шпанија, неизвесно кој ќе оформи парламентарно мнозинство

Опозициската десничарска Народна партија предводена од Алберто Нуњез Фејхо е победник на вчерашните предвремени парламентрани избори во Шпанија со освоени 136 пратенички места, покажуваат резултатите по преброени 99 отсто од гласовите.

Народната партија, сепак, нема да обезбеди апсолутно мнозинство во 350-члениот Парламент, дури и ако коалицира со екстремно десната популистичка партија Вокс која доби 33 мандати, 19 помалку отколку на изборите во 2019 година.

Актуелната владејачка Социјалистичка партија на премиерот Педро Санчез ќе има 122 пратенички места, а левичарското движење Сумар 31.

Останатите места во Парламентот ќе ги поделат помалите регионални партии.

Резултатите сугерираат дека НП и Вокс заедно ќе имаат 169 места, седум помалку од потребните 176,  што значи дека ќе треба да обезбедат неколку пратеници од другите партии за да имаат мнозинство во Парламентот.

Социјалистите и Сумар,пак, ќе имаат 153 места заедно, и потенцијално би можеле да се обидат да склучат коалициски договори со помалите регионални партии за да владеат.

Но, според шпанските политички аналитичари, за да се направи тоа ќе бидат потребни недели – ако не и месеци – напорни преговори, што носи ризик Шпанија да оди на нови избори.

Педро Санчез, кој е пет години на власт, ги распиша предвремените парламентрани избори по неуспехот на социјалистите на регионалните и локалните избори во мај годинава.

Изборите во Шпанија предизвикаа интерес поради можното доаѓање на власт на конзервативната десница и ултранационалистичката и ултра-конзервативна партија Вокс, која го негира постоењето на родово насилство, го критикува „климатскиот фанатизам“ и е многу отворено против ЛГБТ заедницата и абортусот.

Таквото сценарио би го означило враќањето на власт на екстремната десница во Шпанија прв пат по крајот на диктатурата на Франко пред речиси половина век.

Во пресрет на изборите за Европскиот парламент во 2024 година, вртењето на Шпанија надесно по Италија минатата година, според политичките аналитичари, би претставувало силен удар за европската левица, особено затоа што Шпанија во моментов претседава со Европската унија.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Поради немање лиценца затворена дискотеката пред која се случи убиството на хрватскиот ракометар

Редакција

Убава вест: Иван на кого му беше трансплантирано срце, си оди дома

Редакција

Распродажба во УЈП: Се продаваат ниви, солариум, вино, автомобили, томограф…

Редакција