еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Буџетот на Општина Куманово за 2023 година 2,2 милијарди денари

Буџетот на Општина Куманово за 2023 година изнесува 2.289.768.040 денари од кои основниот е 925.189.900 денари, информираа од секторот за финансии од општина Куманово.

– Самофинансирачки активности се 70.915.319 денари, дотации 1.222.749.000 денари, донации е 30.006.889, кредит е 40.906.932 денари. Од вкупниот буџет трансфери од Буџет на РСМ се во износ од 1.366.977.982 (од кои тоа се блок дотации и приходи од ДДВ).

Приходи и расходи се во ист износ од 2.289.768.040 денари, даночни приходи се планирани во износ од 214.500.000 денари капитални инвестиции се планирани согласно усвоената развојна програма од страна на советот на општина Куманово за проекти како што се реконструкција на мал плоштад, изградба и реконструкција на улици во Куманово, изградба на водоводна мрежа и фекална канализација, надомест за одземен имот, гасификација во општина Куманово и друго, информира раководителката на Секторот, Ирена Илиевска.

На седницата на Советот реагираше опозицијата, предводена од СДСМ. Советникот од НСДП Благојче Јаќимовиќ потенцираше дека наместо да се трошат средства за капитални инвестиции остануваат пари кои се префрлуваат за наредна година.

– Минатата година го поддржваме буџетот и годинава го поддржуваме, но повеќе нема да се сложиме дефицитот којшто е префрлен од ланската година да биде префрлен и за наредните години, туку да се спроведат проекти, значајни за кумановци, изјави Јаќимовиќ.

Илиевска информира дека останатите неискористени средства од 2021 во 2022 година сè во износ од 227.671.034 денари од кои дел се средства по основ на кредит, кој општината го зеде од Светска банка и се дел од салдо од буџетот на Општина Куманово, појаснувајќи дека тендерски постапки планирани во 2022 година од поголем број на причини не биле реализирани во тековната година и продолжуваат со реализација во 2023 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

На што ќе се трошат парите на граѓаните: Општина Тетово за 2023 со буџет од 29 милиони евра

Буџетот на Општина Струмица за 2023 година 27 милиони евра, на што ќе се трошат парите на граѓаните?

Најмногу пари за плати и донации: Буџетот на Општина Гостивар за 2023 година – 1,2 милијарди денари

МИА/Фото: Општина Куманово

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Оздравени уште 5 пациенти од коронавирусот, вкупно излекувани 1.205

Редакција

(Фото) Прв работен ден на министерката Нина Ангеловска: Три „опасни блондинки“ дискутираа за државните финансии

Редакција

Иселеник од Делчево во Италија за својот труд награден со средба со Папата Франциск

Редакција