еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Најмногу пари за плати и донации: Буџетот на Општина Гостивар за 2023 година – 1,2 милијарди денари

Со едногласна поддршка, членовите на советот на Општина Гостивар вчера го изгласа буџетот за 2023 година.

Предлагачот, градоначалникот Арбен Таравари пред советниците напомена дека при составувањето на документот му претходеле консултации со граѓани, невладини организации, јавни претпријатија и други соработници.

– И наредната година ќе има тренд на намалувања на трошоците за градоначалникот. Споредено со 2017-та година, кога тие трошоци биле 15 милиони денари, за наредната предвидено е двојно помалку, односно 8,2 милиони, рече Таравари.

Членовите на опозициските партии во советот на општина Гостивар изнесоа повеќе забелешки и дадоа оценка дека буџетот е нереален. Лек Далипи од редовите на ДУИ напомена дека дале поддршка, за да, како што напомена не бидат посочени како кочничари на проекти што одат во корист на граѓаните.

Најголемиот дел од средствата во општинската каса отпаѓаат на плати, дотации, а планирани се вложувања: во училишта 8 милиони, заштита на животната средина 6 милиони, социјална заштита 800.000 и уште 600.000 за родова еднаквост, култура еден милион. За догодина за капитални инвестиции во инфраструктура предвидени се 120 милиони денари.

На последната седница за оваа година, локалната власт пред советниците презентираше дека реализацијата на буџетот за минатата 2022 година достигнала 96,5 отсто.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

На што ќе се трошат парите на граѓаните: Општина Тетово за 2023 со буџет од 29 милиони евра

Буџетот на Општина Струмица за 2023 година 27 милиони евра, на што ќе се трошат парите?

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Одобрена нова систематизација: Бројот на вработени во МРТ ќе се зголеми за 460 лица

Редакција

Граѓани, фирми и институции од осигурување лани наплатиле 65,1 милиони евра

Редакција

Нови лаги и провокации од Радев: Македонија градела идентитет врз фалсификат и испратила десетици илјади во концентрациони логори

Редакција