еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Буџетот на Општина Струмица за 2023 година 27 милиони евра, на што ќе се трошат парите на граѓаните?

Буџетот на Општина Струмица за 2023 година изнесува 1.642.012.000 денари, односно 27 милиони евра и е за 10 отсто поголем од ланскиот. Основниот буџет е 805 милиони денари, 731.326.000 се блок дотации, додека над 54 милиони денари се однесуваат на самофинансирачки активности на буџетските корисници, а над 51 милиони денари се однесуваат на донации.

Буџетот беше усвоен на вчерашната седница на Советот, а во обраќањето пред советниците градоначалникот Костадин Костадинов истакна дека буџетот е донесен по квалитетна дебата во текот на целата година, која ја оцени како продуктивна и успешна за сите.

– Главен проект за идната година е Јавниот електричен превоз за кој одвоивме 12 милиони денари со кој Струмица ќе ја направиме единствена во државата со имплементиран ваков проект. Ова е историски момент. Ваквата додадена вредност на Струмица ќе ги охрабрува и идните градоначалници и советници да носат одлуки и реализираат големи проекти.

Гордост за мене, за Советот и општинската администрација е фактот што денеска на 29 декември, обврските на Општина Струмица кон добавувачите се нула денари и тоа при сериозна реализација на капитални и оперативни расходи, што е реткост во државата.

Ова е потврда дека одлуките на Советот биле продуктивни, но и потврда дека и во време на многу сериозна економска и енергетска криза, успеавме да менаџираме со парите на граѓаните и тоа на начин каков што тие заслужуваат, рече градоначалникот Костадинов.

На седници на Советот беа усвоени и Програмата за работа на Советот на општина Струмица за 2023 година и сите општински програми и повеќе извештаи, програми и одлуки во рамките на работењето на општинските јавни претпријатија и институции.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

На што ќе се трошат парите на граѓаните: Општина Тетово за 2023 со буџет од 29 милиони евра

Најмногу пари за плати и донации: Буџетот на Општина Гостивар за 2023 година – 1,2 милијарди денари

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Просечната нето плата во октомври била 29.145 денари

Редакција

Бројот на претставки решени во корист на осигуреници зголемен за 83%, велат од Агенција за супервизија на осигурување

Редакција

Сакаме гаранции за правата на македонските Бугари и почитување на историјата, вели потпретседателка Јотова

Редакција