еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

За два денари поскапуваат нафтените деривати

Од полноќ цените на нафтените деривати се зголемуваат за два денари, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Од РКЕ објаснуваат дека зголемувањето се должи на порастот на референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во однос на одлуката донесена во понеделникот.

Според новата одлука, цената на Еуросупер БС-95 ќе изнесува 84,5 денари за литар, на Еуросупер БС-98 за 86,5 денари, на дизелот 74,5 денари за литар, а на Екстра лесното масло за домаќинство 73,5 денари за литар.

Се зголемува и малопродажната цена на мазутот за 1,337 ден/кг која сега ќе изнесува 42,338 ден/кг.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Луксузниот бренд Ritz-Carlton во 2027 година ќе отвори хотел во Белград

Редакција

Новинарката Наташа Хаџиспиркоска Стефанова донираше крвна плазма по прележан Ковид-19

Редакција

Дали лошиот рејтинг ќе ги натера СДСМ и ДУИ со заеднички кандидат да истрчаат на изборите?

Редакција