Поп кралицата Мадона, која неодамна беше хоспитализирана поради сериозна бактериска инфекција, на социјалните мрежи им се заблагодари на семејството и пријателите за поддршката, додавајќи дека има „среќа што е жива“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Фото) Мадона за првпат се огласи по хоспитализацијата поради бактериска инфекција
„Љубовта од семејството и пријателите е најдобриот лек“, напиша таа на Инстаграм, додавајќи дека грижата за нејзините деца е „она што е важно“.
„Како мајка можеш навистина да се оптеретиш со потребите на твоите деца и со навидум бескрајното давање. Но, кога работите станаа лоши, моите деца беа тука за мене. Ја видов нивата страна која претходно никогаш ја немав видено“, напиша таа.
Објави и фотографии со синот Дејвид и ќерката Лурд.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Таа, исто така, сподели слика на која држи фотографија од Кит Харинг облечен во јакна на која е насликано лицето на Мајкл Џексон, за која рече дека е направена од Енди Ворхол. Пејачката му се заблагодари на својот менаџер за подарокот и додаде: „Плачев кога го отворив овој подарок, бидејќи сфатив колку сум среќна што сум жива“.
„И колку сум среќна што ги познавам тие луѓе и многу други кои исто така си заминаа.
Им благодарам на сите мои ангели кои ме заштитија и ми дозволија да останам и да си ја завршам работата“, напиша таа.
Фото: Мадона/Фејсбук