еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Драги Илинденци извинете што ја упропастивме Македонија

Драги Илинденци, денеска после 120 години, откако Вие се кренавте против османлиското ропство и против една од најголемите тогашни светски сили, ние вашите потомци живееме во независна држава Македонија, која еве веќе над 30 години во 21. век се чудиме како да си ја спасиме.

Драги Илинденци, извинете што ние вашите потомци денеска правиме драма ако некоја минута немаме интернет, а Вие со крената глава гордо самоволно заминавте во битка од која знаевте дека нема да се вратите.

Драги Илинденци, извинете што овие години откако Македонија е независна земја не водат коруптивни и криминални политичари на кои единствена грижа им е личниот и партискиот интерес и ништо друго. Вие сигурно не ја замислувате автономна Македонија така и не гиневте за да некој денеска го ограбува сопствениот народ. Истите нема да Ви се извинат, туку денеска на скапи прослави со наши пари, ќе се ќитат со вашите дела.

Драги Илинденци, извинете што поради лошата дипломатија и неспособните политичари од Македонија станавме вашата, нашата, нивната земја и онаа што најмногу ме нервира – РСМ, кратенка која многу често почнаа да ја користат институциите. Гнев ми предизвикува БИХ, а не па РСМ.

Драги Илинденци, извинете што и по толку години Македонија остана сиромашна и неразвиена земја, во која разликите во богатството се запрепастувачки, а најбогати се сомнителните бизнисмени и коруптивните и криминалните политичари.

Драги Илинденци, извинете што денешната автономна Македонија за која сонувавте, позната надалеку по своите природни убавини, е загадена земја на сите можни нивоа.

Драги Илинденци, извинете што нашите неспособни политичари својата неспособност многу често ја покриваат со предизвикување на меѓуетнички тензии, а Вие уште пред 120 години покажавте дека во Македонија има место за сите кои си ја сакаат земјата.

Драги Илинденци и сите што потоа го следеа вашиот светол пат за независна држава, извинете што ја упропастивме Македонија. Ако можете простете ни, иако не заслужуваме!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зошто Бугарија го празнува Илинденското востание кое било за автономна Македонија?

Македонија е повторно поробена земја, вазал, банана држава, неоколонијален феуд, смета претседателот на МАНУ, Коцарев

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Цариник дел од меѓународна криминална група која криумчарела загрозен вид јагула

Редакција

Каков имот пријавил пратеникот Африм Гаши

Редакција

Владата в среда ќе ја одреди сумата што ќе се потроши за референдумската кампања

Редакција