еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Рекордни нивоа на илегални преминувања на границите на ЕУ

Во првите седум месеци од годинава забележани се рекордни нивоа на илегални преминувања на границите на ЕУ, јави ДПА, повикувајќи се на Европската агенција за гранична и крајбрежна стража (Фронтекс).

Според податоците на агенцијата, имало 176.100 обиди за преминување на границите на Унијата. Ова е највисоката бројка пријавена за овој период од 2016 година и претставува зголемување од 13 отсто. Само во јули имало 42.700 обиди за преминување, што е за 19 отсто зголемување во споредба со јули 2022 година, соопшти агенцијата.

Според податоците, повеќе од половина од обидите, или 89.047, биле преку централната медитеранска рута – на пример од Либија и Тунис, преку Сицилија и Малта. По оваа траса повеќе од двојно е зголемен бројот на обиди за илегални премини во првите седум месеци од годинава.

Сепак, Фронтекс забележува дека маршрутата преку Средоземното Море и натаму е опасна и во првите седум месеци од годинава исчезнале повеќе од 2.060 мигранти.

Агенцијата забележува намалување на обидите за преминување по маршутата преку Западниот Балкан, која е втора по популарност. Таму се забележани повеќе од 52.200 премини, што е намалување за 26 отсто и се должи главно на построгата визна политика.

По сите други маршути, исто така, било пријавено намалување на обидите за илегални премини, додаде Фронтекс.

МИА/Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бугарското МНР загрижено за ставови на македонски политичари кои се „спротивни на позитивната клима“

Редакција

Пријавени само една третина од очекуваните: Конкурсот за поддршка на проекти од национален интерес во културата за 2024 година завршува во понеделник

Редакција

Со претходни заболувања 6 лица од новите случаи на заразени со Ковид-19 во Македонија

Редакција