еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА ТОП СТОРИИ

Пензионерите бараат линеарно зголемување на пензиите, а минималната да биде еднаква на минималната плата

Со барање за оставка од претседателката на Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија почна денешниот протест на пензионерите во Скопје.

На протестот имаше пензионери од сите краишта на земјава.  Пензионерите бараат линеарно зголемување на пензиите, а минималната пензија да биде еднаква на минималната плата.

Од Сојузот на здруженија на пензионери не се согласуваат со протестите.

Изминатиот период, пензионерите протестираа во своите градови изразувајќи незадоволство од процентуалното зголемување на пензиите.

Минатата година беше донесена нова методологија за пресметка на пензиите согласно која сега во септември пензиите треба да се зголемат за шест проценти.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 1.722 случаи на Ковид-19 од 4.939 тестови, 250 се реинфекции

Редакција

Весна Кутревска купи акции на Пекабеско, сега поседува 6,79% од вкупниот број

Редакција

(ВИДЕО) Ја одбрани титулата: Шпанија е европски првак во ракомет

Редакција